Renault Group е најголемиот акционер во Nissan и останува посветен на проектите кои веќе се во тек со Nissan и Mitsubishi
Само неколку дена откако Honda, Nissan и Mitsubishi ја објавија својата намера да се спојат во еден ентитет, кој може да стане трет по големина автомобилски конгломерат во светот, со воздржана изјава се огласи Renault.
Французите имаат директен удел од 17% во Nissan, плус дополнителни 18,7% преку француски труст, а исто така поседуваат дел од акциите на Mitsubishi. Во споделеното соопштение, Renault објави дека ги разгледува сите опции и ќе даде приоритет на она што е најдобро за своите акционери. „Како главен акционер на Nissan, Renault Group ќе ги разгледа сите опции засновани на најдобриот интерес на Групацијата и нејзините засегнати страни.
Групацијата Renault продолжува да ја спроведува својата стратегија и да спроведува проекти кои создаваат вредност за Групацијата, вклучително и проекти кои се веќе започнати во рамките на Алијансата. Тоа не кажува многу за тоа што носи иднината за алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi. Поранешниот шеф на Nissan и Renault, Карлос Гон, за Bloomberg изјавил дека Renault најверојатно ќе се обиде да ја максимизира вредноста на својот удел во Nissan.
Цената на акциите на јапонската марка забележа пад оваа година, така што би било логично Renault да го поддржи договорот доколку верува дека тоа може да биде од корист за цената на акцијата на Nissan. Тој верува дека Honda не сакала да се спои со Nissan, но можеби била под притисок на одлуката од јапонското Министерство за економија, трговија и индустрија кое може да биде многу влијателно.
Според Гон, индустриска логика во оваа одлука нема, но тврди дека јапонското министрество ја турна Honda во новата алијанса кое претпочита контрола над перформансите на големите компании.