Stellantis – Samsung SDI

Заедничка фабрика за батерии вредна 2,5 милијарди долари

По потпишувањето меморандум за разбирање за формирање заедничко вложување за производство на литиум-јонски батерии во Северна Америка лани во октомври, Stellantis и Samsung SDI соопштија дека новата фабрика за батерии ќе ја изградат во Индијана. Заедничкото вложување ќе отвори 1.400 нови работни места и постепено може да се зголеми до 3,1 милијарди долари. Овој потег е во корист на Chrysler бидејќи американскиот член на групацијата ги засилува плановите за производство на БЕВ. Почетокот на работа на новата фабрика е зацртан за 2025 година со цел да има почетен годишен производствен капацитет од 23 гигават часови, со перспектива на зголемување на 33 GWh во следните неколку години. Ваквата одлука донесе разочарување кај претставниците на државата Мичиген кои очекуваа да ги привлечат инвеститорите. Ова е втора капитална инвестиција во ваква фабрика на Stellantis, по онаа со LG Energy Solution во Канада каде се ќе вложат заеднички 4,1 милијарди долари со годишен капацитет за производство поголем од 45 гигават часови. Компаниите планираат да започнат со работа во 2024 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER