Stellantis – Развиен нов дизел мотор!

Групацијата Stellantis го сврте грбот на дизел моторите, но почнува да го менува курсот

Поради компликуваниот пазар за електрични и електрифицирани возила и барањата што доаѓаат од купувачите, групацијата Stellantis реши да понуди ново развиен дизел мотор и тоа во седум модели. Компанијата тврди дека потегот се должи на побарувачката.

Првично понуден во Opel Zafira, четири цилиндерскиот турбо-дизел има зафатнина од 2,2 литри, 180 КС и 400 Nm вртежен момент, што му овозможува на комбето да забрза од 0-100 км/ч за 10,6 секунди пред да достигне максимална брзина од 185 км/ч. Иако перформансите нема да ве воодушеват, моторот има нова генерација на технологија за директно вбризгување, како и оптимизиран систем за рециркулација на издувни гасови.

Opel изјави дека промените помагаат да се намали потрошувачката на гориво и емисиите на CO2 до 13%. Потврдено е дека дизелот ќе се врати и кај миланезите и ќе се вградува во Alfa Romeo Giulia, Stelvio и Tonale.

Повеќе од извесно е дека новиот дизел мотор ќе се најде испод хаубите на одредени модели на останатите европски марки кои се под чадорот на Stellantis Peugeot, Citroen и FIAT. Возилата со дизел мотор порано беа многу популарни во Европа, а лани нивниот пазарен удел се намали на само 8,9 проценти од регистраните нови автомобили во Европската Унија.

Аналитичарите сметаат дека возилата со дизел мотори претставува мал дел од пазарот, но конкуренцијата е многу помала и ова им олеснува на брендовите да се истакнат. Особено против кинеските производители на автомобили кои се специјализирани за електрични возила и plug-in хибриди, па европските компании би можеле да се спротивстават на нивниот напад со прифатливи модели со неправедно анатемисаните дизел мотори.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER