Од 14 брендови што се под капата на групацијата, само четири ќе делуваат глобално
Stellantis е пред сериозна промена на стратегијата и структурата – според официјално непотврдените информации само четири од марките што ги има ќе ја превземат водечката улога. Извештаите велат дека тоа ќе бидат Jeep, Ram, Peugeot и Fiat додека останатите ќе настапуваат само регионално.
Иако ваквата одлука кој е поважен за иднината на конгломератот отвора многу прашања, наводно ниту една марка нема да биде згасната но ќе мора да преживее со намалени буџети. Ако за Alfa Romeo, Lancia или DS вакво нешто не изненадува, зачудува сместувањето на Opel, Citroen и Dodge во помалку важната група за иднината на Stellantis. Сепак притисокот под кој се најде компанијата е реален а финансиските резултати немилосрдни.


