Во новото позиционирање на марките Peugeot ќе биде над Fiat а Citroen под него
Во Stellantis конечно сфатија дека нејасните граници меѓу нивните марки им носат повеќе проблеми отколку придобивки. Затоа и решија попрецизно меѓусебно да ги позиционираат сместувајќи го Peugeot над Fiat а Citroen под него со модели кои ќе бидат повеќе насочени кон пристапаните цени. Всушност така беше и досега но не насекаде – на некои пазари заради довербата на купувачите беше поинаку. Сега веќе ќе нема простор за тоа – новата пазарна распределба ќе ја следи и дистрибуцијата на инвестициите во развој на новите модели. Официјално новата организациска структура уште не е претставена заради што малку непозната останува позицијата на Opel. Сепак јасно е дека нему местото ќе биде блиску до Citroen бидејќи Peugeot и Fiat заедно со Ram и Jeep веќе добија статус на глобално брендови. Да потсетиме, со Lancia ќе управува Fiat, со DS Citroen а Alfa Romeo и Maserati ќе продолжат како самостојни марки.
Според плановите, во блиска иднина Peugeot ќе има седум премиери, Fiat пет, Opel четири а Citroen три. Ова повеќе од јасно сугерира како треба да се разбере новата интерна стратегија на Stellantis, барем во Европа – Америка и Бразил се посебни прикаски.


