Stellantis – 250.000 автомобили за Sixt

Договорот тежок повеќе милијарди евра вклучува возила од сите марки на групацијата

Само неколку недели од објавувањето дека Sixt, најголемата европска  и една од најголемите рентакар компании на светот, ги исфрла возилата на Tesla од својата флота, доаѓа веста за нова нарачка. Во неа се вклучени вкупно 250.000 возила од брендовите на Stellantis Alfa Romeo, Chrysler, Citroen, Fiat, Jeep, Opel, Peugeot, Ram и Maserati. Првите испораки како дел од нарачката од повеќе милијарди евра ќе започнат овој квартал.

Нарачаните возила се мешавина од модели со мотори со согорување, приклучни хибридни и ЕВ, наменети се за флотата за изнајмување на Sixt низ Европа и Северна Америка и ќе бидат испорачани во следните три години. На овој чекор Sixt се одлучи поради проблемите што се појавуваат со ЕВ како високите трошоци за поправка и ниската цена на продажба на употребените возилата. Минатиот месец Sixt соопшти дека ќе ги повлече возилата на Tesla бидејќи намалувањето на цените на производителот на ЕВ ја намали вредноста на неговите користени автомобили.

Случајот на Sixt не е осамен. Гигантот за изнајмување возила Hertz Global Holdings овој месец ќе се ослободи од третина од својата флота на електрични возила во САД, наведувајќи ја слабата побарувачка и високите трошоци за поправка. Компанијата ги понуди употребените Tesla Model 3 на својата веб-страница со цена пониска од 18.000 американски долари, како показател за тоа колку нејзините автомобили паднале во вредност. Sixt сè уште планира да електрифицира дури 90 отсто од своите возила во Европа до крајот на деценијата. Во 2022 година, компанијата потпиша договор за купување на 100.000 ЕВ од BYD во текот на шест години.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER