SsangYong Torres – Наскоро се најавува европска премиера

Новиот дизајн на проблематичното момче

По се изгледа дека заврши турболентниот период за SsangYong

Изминатите 23 месеци беа извонредно неизвесни за јужнокорејскиот специјалист за спортско корисни возила. Новиот сопственик е хемиска и челична компанија KG Group која го презеде производителот на автомобили за 907,7 ​​милиони долари, а SsangYong објави дека ги платил сите свои долгови од 229 милиони долари кон поранешниот сопственик Махиндра, доверителите и добавувачите.

Сега сите напори се насочени кон лансирањето на новиот модел Torres со средна големина позициониран помеѓу компактниот Korando и големиот Rexton. Претставен минатата година, проектот J100 стана реалност само една година подоцна. Во пролетта 2022 година, проектот го доби името Torres, кое доаѓа од националниот парк Торес дел Паин во јужниот дел на Чиле. Со должина од 4,70 м, широк 1,89 м и висок 1,72 м, Torres е цврст теренец со новата дизајнерска филозофија на SsangYong која ќе го карактеризира дизајнот на сите модели на SsangYong во иднина. Дизајнот, може да се каже, барем по фотографиите, како да земал инспирација од повеќе актуелни модели од други компании. Внатрешноста, исто така, делува многу „познато“ но треба да се воздржи од коментирање додека не се види во „живо“. Torres ќе дебитира на европскиот пазар со 1,5-литарски турбо мотор кој испорачува 170 КС и 286 Nm, во комбинација со 6-брзински автоматски менувач и погон на предните тркала.

Погонот на сите тркала ќе се нуди како опција. Моделот наводно ќе доаѓа со многу конкурентна почетна цена од само 20.700 евра, само не се прецизира дали е тоа стартната продажна цена или фабричка цена.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER