Spyker се враќа!

Холандската ексклузивна марка изгледа е неуништлива

Холандската компанија Spyker основана 1880-та година како да има повеќе животи од мачка – многупати во својата историја има банкротирано за после некое време повторно да се врати во живот. Така е и сега – основачот на новата компанија која го продолжува нејзиниот духовен живот објави дека по којзнае кој пат откако тој ја презеде повторно ќе се посвети на производството на рачно изработени суперспортски автомобили, потврдувајќи ја притоа својата решеност за тоа со веста дека ги осигурал правата на интелектуалната сопственост на марката.

Тој мака мачи со Spyker уште од 1999-тата година. Ако тогаш компанијата и некако преживуваше, преголемиот залак да го купи Saab ја ничкоса на колена. Успеа да се издигне пет-шест години подоцна кога на женевскиот салон го претстави Ц8 Preliator, но и тоа беше само лажна надеж. Вложувањата на надворешните инвеститори не вродија со плод – место тоа дојде до долготрајна судска битка со нив која сега очигледно конечно е завршена. Планови за иднината како и секогаш амбициозни постојат но што, дали и кога, допрва ќе дознаваме. Вистинското прашање е дали пазарот е подготвен за уште еден производител на луксузни, рачно изработени автомобили , макар тие носеле и славно име.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER