Сообраќајот на делницата Градско-Прилеп е во прекин
Објавено на 4 јули 2018 година
Битолчани и прилепчани ќе останат во Скопје – сообраќајот на делницата Градско-Прилеп е во прекин во двете насоки. Како што се наведува во соопштението на службите задолжени за следење на сообраќајот во Македонија, причината за овој прекин е штрајк кој се одржува на наведената делница. Детали за тоа кој, зошто и до кога ќе го блокира сообраќајот не се наведуваат. На другите патишта во Македонија сé се одвива во најдобар ред, со умерен интензитет надвор од градските средини, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјата.