Sony – Vision S

Поглед во иднината

Започнува тестирањето во сообраќај

Корпорацијата Sony објави нова фаза на својот прототип

објавено 17. јануари 2021

Возилото што го најавуваше Sony кое е во фаза на развој започна со тестирање на јавни патишта во Европа. VisionS ќе продолжи да се развива понатаму и се планира да се спроведат тестови за возење и во други региони. Со здружување на своите врвни технологии, Sony има намера да придонесе за еволуцијата на мобилноста преку безбедноста и забавата во автомобилот. Sony нема зададено термин за лансирање на својот автомобил ниту пак објавува поединости за евентуални соработки околу батериите, механиката и производството на идниот сериски модел.