Toyota Aygo :: Со редизајн значително подмладен

Со редизајн значително подмладен

Поминаа повеќе од три години откако се појави втората генерација на Toyota Aygo. Во меѓувреме, се продадоа скоро 300 илјади примероци од него
Објавено на 16 јуни 2018 година

Дојде ред за редизајн на малиот Toyota Aygo и тој сега ќе ги освојува европските меридијани значително подмладен. Препознатливиот X-дизајнерски потпис е задржан, но разликите веднаш се забележуваат. Интегрираните ЛЕД светла и модификациите на браникот прават каросеријата да изгледа поширока. На силуетата нема поголеми зафати, додека задните светла исто со ЛЕД технологија имаат нова графика. Целокупно гледано на Aygo му е додаден малку спортски дух, посебно со опционалната двобојна шема. Внатрешноста е модерно уредена, со богат избор сериска опрема. Toyota AygoСекое ниво има специфични елементи, а најбогатото доаѓа со наградуваниот Toyota Safety Sense безбедносен пакет. Меѓу другото, тој содржи и систем за автоматско запирање. Aygo е задвижуван од добро познатиот еднолитарски мотор кој сега нуди 72 коњски сили. Доволни за максимални 160 километри на час, тие ќе се задоволат со просечни 3,9 литри гориво на 100 километри. Цените засега не се познати, но очекува да останат на сегашното ниво.

Малиот Aygo се произведува во заедничката фабрика на Toyota и Peugeot во Чешка.

Toyota Aygo

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER