Започна деелектрификацијата на Smart
Песимистичките пазарни трендови го принудија Smart да ја смени приказната и место чисто електрична да стане електрифицирана марка. Процесот стартуваше со претставувањето на првиот бензински модел на домашниот кинески пазар, #5 EHD, кој е плаг-ин хибрид. Премиум карактеристиките се задржани – има електрична автономија од цели 250 километри. Од штуро објавените податоци се знае дека има 1,5 литарски мотор со 161 KS и литиум-железо-фосфатни батерии од CATL со капацитет од 40 kWh. Декларираната потрошувачка според кинеските норми е 4,4 l/100 km.
Лани во Кина вкупната продажба на Smart изнесуваше 33.427 возила што претставува намалување од 19,4% во однос на претходната 2023-та, а годинава е уште полоша.



