Знаменосецот, благодарение на приклучниот хибрид, стана најсилната верзија на куќата со бензински мотор.
Одлично прифатената лимузина Superb доби надградба. Се работи за софтверско засилување кое од 1,5 литрениот TSI мотор сега извлекува 177 КС и со електро-моторот од 116 коњи напојуван од батерија со капацитет од 25.7 kWh постигнуваат системски 272 КС и 400 Nm. Спринта до „стотка“ за 7,1 секунди и постигнува максимални 225 км/ч. Supeb со приклучен хибрид ќе се испорачува само во изведбите Sport Line и Laurin & Klement, а караванската верзија не е предвидена за ова засилување. За воља на вистината, иако е најсилна, Superb PHEV е поспора од изведбата 4х4 со дволитрен TSI со 265 КС која спринта од 0-100 км/ч за 5.6 секунди.


