Škoda Superb – Во ноември пристигнува четвртата генерација

Чесите остануваат доследни на двете каросериски изведби и ги засилуваат со благ хибрид

Првичните информации за новата генерација на Superb се однесуваа само на караванската изведба. Сега од Мала Болеслав пристигнаа фотографии и од седанот. Разбирливо што возилото е камуфлирано, но сепак споделени се техничките карактеристики.

Основниот модел ќе го движи 1,5-литарски TSI мотор од 150 КС кој за прв пат добива и 48V блага хибридна технологија. Како и кај караванот, спектарот на моќност се протега до 265 коњи. Најмоќните бензински мотори и дизелот се споени со погон на сите тркала. За прв пат, Škoda ги комбинира сите мотори исклучиво со седумстепен автоматски DSG менувач. Двете варијанти на каросеријата растат во должина за речиси четири и пол сантиметри до над 4,9 метри и се повеќе од еден сантиметар повисоки.

Ширината и меѓуоскиното растојание остануваат непроменети, отпорот на воздухот е намален на 0,24, а волуменот на багажниот простор на седанот се зголеми за 20  и сега ќе располага со 645 литри. Superb IV располага со head-up дисплеј и централен 13-инчен инфозабавен дисплеј под кого се сместени Smart Dials прекинувачи. Селекторот на менувачот е сместен до столбот на управувачот со што создава простор за поголема централна конзола.

Ротационите копчиња со дигитални дисплеи се наменети да обезбедат брз и лесен пристап до бројни функции на возилото. Новите варијанти Essence, Selection и Sportline како и Laurin & Klement ги заменуваат претходните линии на опрема Active, Ambition и Style.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER