Škoda – Octavia Pro

Вести

Кина во фокус

За кинескиот пазар Škoda ја растегна Octavia

објавено 11. март 2021

Популарната лимузина од средната класа го започнува својот поход во Кина. Надевајќи се на одлични продажни резултати во нај населената држава во светот Škoda специјално за тамошниот пазар ја продолжи Octavia за 6,4 сантиметри.  Меѓуоскиното растојание е продолжено за 4,4 сантиметри за да се исполнат барањата на клиентите. Octavia Pro, како што се нарекува, прифаќа елементи на дизајнот од изведбата RS и се одликува не само со повеќе простор во задниот дел, туку и со дванаесет инчен централен дисплеј. Ќе се нуди со 1,4 TSI мотор со 150 КС и 250 Nm вртежен момент заедно со седумстепен DSG менувач. Досега на најголемиот единствен пазар на брендот во светот се продадени повеќе од 1,4 милиони возила од марката.