Škoda Octavia – Први скици

Пред светската дигитална премиера закажана за 14 февруари, Škoda го разгорува огинот

Само седум дена не делат од прикажувањето на освежената четврта генерација на Octavia која се одржа во форма цели четири години. Овој модел има посебно значење за Škoda. Покрај тоа што стана првата модерна лимузина од Млада Болеслава, Octavia од нејзиното лансирање во 1996 година постигна над седум милиони продажби. Од скиците се гледа дека дизјнот станува попрефинет каде ќе доминираат нови фарови, редизајнирани браници и ажурирана маска на ладилникот.

Моделот ќе продолжи да биде достапен како хечбек и караван со Sportline и vRS верзии. Познато е дека Octavia ќе биде опремена со втората генерација фарови со LED матрикс со нов светлосен потпис. Него ќе го дефинира Crystallinium, уникатен кристален елемент кој дава карактеристична сина нијанса на внатрешноста на куќиштето на фаровите, подобрувајќи ја дополнително естетиката на возилото.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER