Традицијата на Škoda налага секоја година на студентите по дизајн да им се даде простор да ги изразат своите замисли на одредена тема.
Годинава требаше да се оддаде почит на Вацлав Лаурин и Вацлав Клемент, кои ги поставија темелите на денешниот производител на автомобили пред 130 години со правење велосипеди.
Резултатот го носи името L&K 130, а како основа послужи моделот Superb Combi кого 28-те студенти го претворија во пикап дизајниран како транспортер и помошно возило за велосипедски трки.
Тие работеа над 2.000 часа на својот автомобил. Просторот за товарење се лизга за брзо менување велосипеди за време на трката. На него се монтирани два носачи од оригиналната опрема.
Кога платформата е повлечена со задната врата, предните тркала на велосипедите се лизгаат нагоре под агол од 35 степени. Трет велосипед може да се смести на багажникот на покривот. Боите на Laurin & Klement – црвена, бела, златна и црна – доминираат и внатре и надвор.
Ова е десеттиот последователен автомобил на Škoda што студентите го трансформираа, но е првиот што има погон со приклучен хибрид и системска моќност од 204 КС.


