На претстојниот саем Auto India кој ќе се одржи на почетокот на идниот месец Škoda ја најавува премиерата на третиот модел наменет за Индија.
По Kushaq и Slavia доаѓа Kylaq. Тој ќе влезе во популарниот сегмент на возила пократки од 4 метри, кој сочинува речиси 30% од индискиот пазар на автомобили и е меѓу најбрзо растечките сегменти таму. Kylaq содржи елементи на новиот, глобален Модерен цврст јазик за дизајн.
Може да се пофали со модерен, смел и робустен изглед, докажана динамика на возење на Škoda и бескомпромисни безбедносни карактеристики. Малиот кросовер го движи еден литарски мотор со 115 КС и 178 њутн метри вртежен момент. Силата се пренесува преку мануелен или преку автоматски менувач.