Škoda Kylaq – Привилегија за Индија

Најавен пред некоја седмица на сцената стапи мини кросоверот специјално наменет за Индија чија цена ќе започнува од 8.700 евра

Škoda Kylaq нуди многу практичност во сегментот кој зазема речиси половина од пазарот во Индија. Тој е третиот модел на Škoda развиен во Индија и им се придружува на Kushaq и седанот Slavia.

Со должина од 3.995 мм е покус од Fabia, додека има слично меѓуоскино растојание од 2.566 мм. Kylaq го усвојува модерниот стилски јазик на Škoda со дополнителен допир на едноставност поради евтината цена. Дизајнерите додадоа неколку стилски карактеристики од правилникот за кросовери како што се пластична обвивка на праговите и лаковите над тркалата, шини на покривот и 189 мм растојание од тлото.

Покрај тоа Kylaq нуди пространа внатрешност со водечки во сегментот товарен капацитет од 446 литри.Практичноста е дополнително подобрена благодарение на низата функции Simply Clever. Дигиталниот кокпит се состои од 10,1 инчен екран на допир за инфозабавата и 8 инчен задолжен за инструментите.Моделот нуди безжична компатибилност со Android Auto и Apple CarPlay, заедно со безжично полнење за паметни телефони.

Škoda со гордост вели дека Kylaq стандардно доаѓа со 25 активни и пасивни безбедносни карактеристики, иако тие не вклучуваат софистицирани ADAS.Најмалку, теренецот има шест воздушни перничиња и е достапен со автоматски фарови и бришачи. Под хаубата се наоѓа 1,0-литарски TSI трицилиндричен бензински мотор со турбополнач кој произведува 115 КС и 178 Nm вртежен момент.

Силата се пренесува на предните тркала преку шест степен мануелен или опционален автоматски менувач.Забрзува од 0-100 км/ч за 10,5 секунди и достига максимална брзина од 188 км/ч. Kylaq ќе се произведува во фабриката Чакан во Индија.Неговото лансирање на пазарот е закажано за почетокот на 2025 година, со почетна цена од 789.000 индиски рупии или околу 8.700 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER