Со претставувањето на изведбата RS, Kodiaq го доби својот знаменосец.
Кога се претставува модел со ознаката RS во Škoda секогаш е мал празник. За оваа прилика Kodiaq доби специјални браници и хоризонтална светлосна лента долж предната решетка, како и црни детали на телото што го нагласуваат динамичниот изглед.
Стандардната опрема вклучува, меѓу другото, Matrix LED фарови, прогресивно управување, DCC Plus адаптивна суспензија и Canton звучен систем. Постојат два дизајни за избор за интериер. За да се оправда наставката RS додадени се дополнителни 20 КС. Сега дво литрениот бензински мотор испорачува 265 КС и максимален вртежен момент од 400 њутн метри.
Покрај погонот на сите тркала, Kodiaq RS забрзува од 0 до 100 км/ч за 6,3 секунди и достигнува максимална брзина од 231 км/ч. Во соопштението со помали букви е додадено дека Škoda исто така ја проширува гамата на мотори за линиите на опрема Selection и Sportline со 2.0 TSI со 204 КС. Цените и датумите на лансирање на RS сè уште не се познати.