Нова генерација на најголемото возило со знак на Škoda ќе има и приклучен хибрид
Сосема малку информации пред официјалното лансирање на новиот Kodiaq пушта Škoda во оптек. И покрај тоа што веќе се објавени фотографии од камуфлирани претпродукциски возила, за многу работи не се коментира.
Дополнително објавените дизајнерски скици се наменети да го привлечат вниманието на новитетот непосредно пред неговата премиера на 4-ти октомври. Цртежите даваат појасен преглед на линиите кои беа вешто камуфлирани на фотографиите. Познато е дека џинот од Млада Болеслав за прв пат ќе добие приклучен хибрид.
Покрај него ќе има изведби со два бензински и два дизел мотори, а помоќните варијанти ќе имаат погон на сите тркала. Основниот бензински мотор е дизајниран како благ хибрид. Сите мотори се поврзани со менувач со директно менување. Официјалната премиера на возилото е на 4 октомври.