Четврта клапа
Најавувана за пазарен деби од септември, новата Fabia започна да се произведува
објавено 13. јули 2021
Во фабриката во Млада Болеслав започна да се произведува четвртата генерација на Fabia. Веќе пренесовме дека таа се базира на модуларната попречна матрица MQB-A0 на VW и нуди најдобар простор во својата класа, како и нови системи за безбедност и асистенција. За прв пат, малиот автомобил ја надминува границата од четири метри.

Волуменот на багажникот, веќе најголем во сегментот во претходната генерација, се зголеми за 50 литри. Во новото издание сега има 380 литри капацитет што е прифатлив формат во компактна класа. Со својот коефициент на отпор на воздухот од 0,28 Fabia има втора најдобра вредност во нејзината класа. Škoda ја нуди Fabia sо пет различни мотори. Цените во ЕУ ќе започнуваат од 13.990 евра.


