Škoda Afriq – Кога студентите царуваат

Младите стипендисти на чешката компанија годинава се решија да направат рели верзија на Kamiq за чие подготвување им требаа четири месеци и 2.000 работни часа. Бидејќи Škoda е одбрана да ги предводи напорите на Volkswagen групата за поголемо присуство на северноафриканските пазари, одбрано е името Afriq. Во каросеријата која остана без задни врати се вградени стандардниот дволитарски TSi мотор со 190 коњи и погонот на сите тркала со седумстепен DSG менувач од Octavia 4×4. Тоа им создаде мали проблеми бидејќи просторот под хаубата на Kamiq е значително помал а мораа да го поделат и резервоарот за гориво на две дела меѓу кои поминува карданското вратило. Внатрешноста како кај сите рели возила е спартански уредена и во неа нема ништо што не е суштински потребно. Сé е подредено на целисходноста и затоа покрај спортските седишта и заштитниот кафез пред совозачот е сместен систем за навигација. Но она што е најинтересно кај овој осми по ред концепт на студентите на Škoda е во багажникот каде е сместен систем кој од воздухот кондензира вода за пиење. Сепак колку и да изгледа предизвикувачки, овој концепт како и сите останати ќе остане само уникатна креација без никакви амбиции за нешто повеќе.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER