Четири милиони кросовери од Škoda

Едноставна е формулата за успех

Škoda гордо се пофали дека од 2009 година кога беше лансиран Yeti досега има произведени четири милиони кросовери. Моментално глобалната понуда на чешката марка се состои од седум модели кои зафаќаат 55 отсто од продажбата. Кумулативно најуспешен е Kodiaq кој има освоено 1.077.000 купувачи, додека Karoq стигна до 917 илјади. Не заостануваат многу ни Kamiq со 790 илјади и Yeti за кој се определија 685 илјади луѓе. Значајно е и што електричниот Enyaq во стандардната и купе изведбата стигна скоро до половина од таа бројка, додека помалиот Elroq лансиран лани може да се пофали со 71 илјада продажби. Покрај во Чешка Škoda своите кросовери ги произведува уште во Индија, Украина, Виетнам и Казахстан.

Малку познато е дека првиот теренец од оваа марка датира од 1966 година, и тоа по иницијатива на увозникот на Škoda во Нов Зеланд. Согледувајќи ги потребите на пазарот, тој го има направено на шасијата на тогашната Octavia. Наречен Trekka, бил замислен и изведен како робусно возило со ниски трошоци за одржување, наменето за секојдневните потреби на локалните фармери и трговци. Моторот има останато оригиналниот 1,2 литарски со 47 коњски сили, исто и погонот на задните тркала, а додаден е самоблокирачки диференцијал. Четиристепениот синхронизиран менувач бил доволен за теренските предизвици и максимална брзина од 105 до 110 километри на час. За потрошувачката од 11 литри на 100 километри тогаш се сметало дека е скромна. Се има произведувано шест години за кои се направени скоро 3.000 примероци во повеќе каросериски изведби – од пикап до верзија со 8 седишта. Покрај во Нов Зеланд, се има продавано и во Австралија, Фиџи, Самоа и Виетнам.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER