Škoda 1000 MBX (фото-галерија) – Би посакале ли вакво нешто?!

Ретро поглед нанапред во алтернативната иднина

Škoda е еден од најстарите производители на возила и може да се пофали со богата историја. Истовремено е и еден од најактивните кој преку своите програми ги поддржува младите да бидат креативни. А тие многупати досега пријатно нé имаат изненадено – фали уште финансиска храброст компанијата да го доведе нивните идеи до реализација. Такво нешто сигурно ќе недостига и сега, но мора да признаеме дека секој љубител на автомобилите би посакал вакво нешто да осамне на улиците, без разлика дали памети која беше Škoda 1000 MB.

Едно од поретките нејзини изданија беше и верзијата доозначена како MBX која оригинално имаше две врати. Нејзината модерна реинкарнација е малку порадикална – тоа е електрично 2+2 купе со задни врати кои се отвораат спротивно од возењето. Замислена е како дигитален концепт креиран од двајца млади дизајнери на марката за само неколку недели. Стилот на каросеријата е сличен но далеку помодерен и на кој само детали потсетуваат на оригиналот произведен во едвај 2.517 примероци.

Елеганцијата на надворешноста продолжува и внатре каде владее привлечен шарм. Двете задни седишта кои по дефиниција се за украс може да се поместуваат и да се ослободи простор на пример за превоз на велосипеди. Провидната инструмент табла отстапува од традиционалниот распоред, а отсуството на централната конзола е дизајнерски избор инспириран од класичните решенија.

Нормално, никакви детали за погонскиот систем не постојат но секако тој е замислен како електричен заради предностите што ги овозможува при конструирањето на автомобилот кои во овој пример максимално се искористени. Дали Škoda ќе ја искористи идејата да испровоцира некакво производство не е тешко да се одговори.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER