Škoda заплови во електричните води

Škoda заплови во електричните води

Поминаа повеќе од четири години од претставувањето на третата генерација на Superb, така што Škoda повеќе не можеше да чека

Објавено на 28 мај 2019 година

Освежената Škoda Superb ја очекувавме во Женева, но сепак беше одлучено премиерата на чешката лимузина да биде на светското првенство во хокеј што овој месец се одржа во Братислава. Нејзиниот динамичен и елегантен изглед опсежно е доработен со новата маска, браниците и светлата. А тие не се било какви, туку за прв пат со Matrix-LED технологија. Задниот дел дискретно е нагласен со хромираната лајсна и натписот Škoda место амблемот на марката, а сето тоа вкомпонирано со модернизираната моторна понуда. Во неа повторно за прв пат се среќава уште една голема новост – plug-in хибриден погон позајмен од Passat GTE. Неговите 218 коњски сили братски по половина ги произведуваат 1,4 литарски TSi агрегат и електромотор, а батеријата од 13 киловат-часа обезбедува 55 електрични километри. На купувачите Superb на располагање ќе им биде уште и со три бензинци и три дизели, познати од поширокото семејство на Volkswagen. Најслабиот има 120 а најсилниот 272 коњски сили, кои заедно со погонот на сите тркала одлично ќе им дојдат на љубителите на природата во Scout верзијата. Таа е за 15 милиметри повисока од стандардната и доаѓа само во караванска изведба. Сите верзии имаат автоматизирани DSG менувачи со 6 и 7 степени на пренос.

Superb скоро во целост ги има задржано димензиите и пространоста на внатрешноста, во која сега се среќаваат многу напредни нешта кои до скоро не би ги очекувале во возила на Škoda. Чесите гордо ги истакнуваат новиот инфозабавен систем и дигиталната инструмент табла, но и широката листа безбедносни системи на која се среќава и динамичката контрола на подвозјето.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER