SEAT S.A. – 2023 беше најуспешната година во постоењето

Оперативната добивка на SEAT S.A. достигна рекордни 625 милиони евра, а прометот за минатата година се зголеми на 14,3 милијарди евра

ЅЕАТ и Cupra ја одржаа редовната годишна конференција на која освен рекордните бројки ги изнесоа и плановите за иднина. А тие за шпанските производители секако ќе бидат возбудливи, посебно за Cupra која зачекорува во ново поглавје во својата не така долга историја. Марката  годинава ја очекува почеток на производствена офанзива со претставување на новите адути со кои ќе го освојува и американскиот пазар, тоа се Tavascan и Terramar.

Плановите се до крајот на деценијата да се стартува со два електрични модела – Formentor и најавениот поголем кросовер кој ќе се произведува во некој од погоните на Volkswagen во Северна Америка, можеби и во Мексико. На SЕАТ пак како марка ќе му се вдахне нов живот со освежувањето на скоро сите модели во наредните две години, со што ќе им се продолжи животниот век. Arona и Ibiza ќе добијат подобрување во 2025 година, а во следните месеци, марката ќе лансира нова и подобрена верзија на SEAT Leon, со технички и технолошки надградби.

Понатаму, Ateca ќе биде подобрена и нејзиниот животен циклус ќе се продолжи. Се најавуваат инвестиции во плаг-ин хибридни технологии и разгледување на можноста да се лансира електричен автомобил кој би се произведувал во Марторел заедно со Cupra Raval и Volkswagen ID.2. Што се однесува до резултатите од работењето, тие се изненадувачки високи – испорачани се 520 илјади возила а прометот е зголемен за 31 отсто, на 14,3 милијарди евра, од кои 625 милиони профит.

Овие и скоро сите други бројки наведени во годишниот извештај се најдобри во 73-годишната историја на компанијата. Спомнатиот профит од 625 милиони евра е зголемување за 592 милиони евра. Во  2022 компанијата имаше само 33 милиони евра профит. Овие резултати ја потврдуваат силата на компанијата и успехот на нејзината постојана стратегија за трансформација.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER