Зголемениот обем на SEAT, подобрувањата на ефикасноста и успехот на CUPRA доведоа до зголемување за 38,6 отсто
Во првите девет месеци од годинава компанијата ЅЕАТ оствари приход од 10,837 милијарди евра, што е највисока сума во историјата на компанијата. Резултатите се постигнати, пред сé, од зголемувањето на обемот на испораки.
Помеѓу јануари и септември, бројот на испорачани возила од страна на компанијата се зголемил за 34,2 отсто, достигнувајќи 391.800 единици. Во овој период SEAT S.A. испорача речиси 100.000 автомобили повеќе од истиот период од 2022 година (292.000) и испораките веќе го надминаа резултатот за претходната цела година (385.600).
Опоравувањето на снабдувањето со полупроводници и други основни компоненти, овозможија нивото на производство да се зголеми оваа година. Помеѓу јануари и септември 2023 година, испораките на марката SEAT пораснаа за 21,6% достигнувајќи вкупно 221.700 испорачани возила. Arona е најпродаваниот модел на брендот во изминатите три квартали на годинава бележејќи 72.200 единици (+26,8%), по што следи Ibiza со 59.400 примероци (+45.0%).
Главните пазари на брендот во овој период биле Шпанија и Германија со раст од 20,1% додека во Обединетото Кралство забележан е најголемо зголемување од 43,2%.