Она што е Golf за Volkswagen и Octavia за Škoda, Leon е за SЕАТ
Компактниот Шпанец наполни 25 години и моментално се продава неговата четврта генерација. Од лансирањето во 1999 година, SЕАТ продаде повеќе од 2,5 милиони единици. Leon беше дизајниран, развиен и произведен во Барселона од самиот почеток.
Првата генерација, дизајнирана од Џорџето Џуџаро, го сигнализираше враќањето на марката во важниот сегмент на компактни автомобили. Со него, филијалата на Volkswagen за прв пат понуди и модел со погон на сите тркала, 6 степен менувач и моќност до 180 КС.
Втората генерација на Leon беше лансирана во 2005 година и се одликуваше со похрабар, поаеродинамичен дизајн потпишан од Валтер де Силва. Тој направи револуција во традиционално класичниот сегмент на компактни автомобили со надворешност што изгледаше како автомобил со две врати благодарение на вдлабнатите рачки на задните врати.
Третата генерација на серијата уште еднаш означи пресвртница во историјата на брендот. Кога се појави на пазарот во 2012 година, Leon III беше првиот компактен автомобил со целосно LED осветлување на и стана најпродаваната серијасо над милион возила.
Актуелниот Leon беше лансиран во 2020 година и достапен е и со приклучен хибрид. Seat Leon има освоено бројни награди во текот на својата 25-годишна историја почнувајќи од „Автомобил на годината“ во 2014 и 2021 година во Шпанија до „Автомобил на годината“, „Семеен автомобил на годината“ 2021 година во Португалија и „Увозен автомобил на годината“ 2021 година во Аргентина.
Втората генерација на моделот освои две титули во Светскиот шампионат за туринг автомобили (WTCC) во 2008 и 2009 година. SЕАТ беше првиот бренд кој освои титула светски шампион на ФИА.