Најавени неодамна SEAT Ibiza & Arona започнаа да се произведуваат во Марторел
Дизајнирани, развиени и произведени во најсовремените погони на SEAT во Марторел двете нови верзии доаѓаат со освежен дизајн, ажуриран ентериер, избор на ефикасни TSI мотори, подобрена стандардна опрема и напредни безбедносни карактеристики.
Пристигнувањето на новите верзии на SEAT Ibiza и SEAT Arona покажува како брендот и понатаму ќе биде важен стожер во мозаикот на групацијата VW.
Ова е почеток на стратегијата со која ќе се обнови целата палета на SEAT со електрифицирани опции до 2028 година, почнувајќи со благи хибридни верзии на Ibiza и Arona во 2027 година,
проследено со целосно хибриден погонски склоп за SEAT Leon во 2028 година и последователни ажурирања на Leon и Leon Sportstourer во 2029 година.
Продажбата на обновените Ibiza & Arona во ЕУ започнува идниот месец, а кај нас се очекуваат да пристигнат во првиот квартал на 2026 година.

