Минатата година шпанскиот дел од групацијата Volkswagen испорача 586.300 возила што е зголемување од 5,1% во однос на 2024 година. CUPRA го прослави милионитиот продаден автомобил. Само лани испорачани беа 328.800 возила што е скок од 32,5% во однос на 2024 година.
SEAT ја одбележа својата 75 годишнина со 257.400 единици, намалување од 17,0% во споредба со 2024 година. Компанијата постигна значителен раст во продажбата на електрифицирани возила, испорачајќи 84.400 PHEV (+69,2%) и 79.700 целосно електрични возила (+65,9%).


