SEAT – Продолжува со полна пареа

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Во изминатите неколку денови се појавија неточни информации во некои медиуми дека Volkswagen Group ќе престане да произведува возила од брендот SEAT.

И покрај овие неточни информации, SEAT е посилен од кога било. Побарувачката за SEAT е на многу високо ниво и продажбата забележува пораст од 18%, достигнувајќи скоро 200.000 продадени возила. Продажбата и побарувачката остануваат високи поради многу добриот сооднос цена-перформанси и модерен дизајн.

Ова се должи на зголемувањето на нарачките и на фактот дека производството на SEAT се врати на нивоата пред пандемијата. Најбараните модели на SEAT, Ibiza, Aronа и Leon достигнуваат рекордна побарувачка. Томас Шефер – извршен директор на Volkswagen, член на бордот на директори на Volkswagen Group, на својот LinkedIn профил, демантираше: „И покрај неточните информации што ги објавија некои медиуми, брендот SEAT е посилен од било кога.“

SEAT S.A. продолжува да ја развива иднината на брендот SEAT. SEAT ќе продолжи да произведува plug-in хибриди и ефикасни мотори со внатрешно согорување во иднина – до крајот на производниот циклус на моторите со внатрешно согорување, според европските закони. Планирано е моделите SEAT Ibiza, Arona и Leon да добијат значителни промени и брендот во иднина ќе понуди нови можности за електрична мобилност.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER