Ford Tourneo најмногу ја одржува вредноста!
Специјалистот за цените на пазарот на возила и нивниот развој, Schwacke GmbH, ги анализираше бестселерите во категоријата компактни комбиња. Абстрактот се однесуваше на остаточната вредност на возила со старост од 36 месеци и поминати 60.000 километри. Моделот со најмала загуба на вредноста е актуелниот Ford Tourneo Connect со задршка од 69,8 отсто од цената. Тоа значи дека ова мултифункционално возило губи само 30,2 отсто од првобитната вредност во рок од три години. Ова го става Tourneo Connect пред сите негови конкуренти. Според експертите во Schwacke, сегментот на компактното комби се карактеризира со извонредно широк опсег на преостанати вредности. Истражувањето покажа најлош резултат од 51,9 проценти, па се до 69,8 проценти за Ford Tourneo Connect. Според информациите, испитаните возила варираат за плус или минус четири процентни поени околу средната вредност од 57,2 отсто.