Sailun Ice Blazer Alpine 2 – Одобрена од TÜV

За одличните перформанси на Ice Blazer Alpine 2, доделен е печатот за одобрување од TÜV SÜD

Новите зимски пневматици на Sailun Ice Blazer Alpine 2 со димензија 205/55 R16 94H XL беа тестирани од TÜV SÜD во дванаесет дисциплини, во директна споредба со четири конкурентни производи на европскиот пазар. За однесувањето што беше демонстрирано во тек на тестирањето официјално беа потврдени силните способности во областите на безбедност при влажно и суво возење, отпорност на тркалање и бучава при тркалање.

Во петте споредбени дисциплини: забрзување, сопирање и управување на снег, како и сопирање на влажни и суви патишта, Sailun Ice Blazer Alpine 2 се покажа на највисоко ниво. Овој тип пневматици се произведува во опсег на тркала од 13 до 17 инчи со нагазна површина од 155 со 225 мм и просек на висина од 45 до 70. Со ниско ниво на бучава од 69 dB, иновативниот шаблон на газечката површина и зимската смеса со висока содржина на силициум му овозможуваат на Ice Blazer Alpine 2 добри перформанси дури и на ниски температури и му даваат добри карактеристики на управување во широк спектар на зимски услови на патот.

Центарот на газечката површина нуди оптимална влечна сила на мраз и снег благодарение на шаблонот за отстранување на мразот со варијабилен агол. Благодарение на употребата на најновата гумена смеса отпорна на абење на Sailun со висока еластичност на шарата, Sailun Alpine 2 постигнува многу добра рамнотежа помеѓу километражата и енергетската ефикасност.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER