САД достигна просечна старост на возниот парк од 12,6 години

За разлика од она што го мислиме, Американците се соочуваат со долгорочно сериозни проблеми во однос на моторизацијата.

Главна причина е од инфлацијата и  намалената куповна моќ што доведе до тоа возниот парк да им старее. Според најновите показатели просечната старост на автомобилите таму достигна ниво до 12,6 години, што за земја која како општество е поставена на тркала е загрижувачки.

До тоа доведе постојаното поскапување на новите возила, чија цена се зголеми на просечни 47 илјади долари. Притоа треба да се има превид и дека заради емотивни или пак колекционерски причини на нивните сопственици, таму егзистираат доста стари автомобили кои го расипуваат просекот.

Иако наведената старост на возилата е помала од скоро половината европски земји, таа покажува дека автомобилскиот пазар во Америка треба да се замисли за својата иднина. Посебно ако на сето ова се додаде и моменталниот недостаток на обучени сервисери за возилата.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER