Квалитетот и традицијата под ист покрив
Висококвалитетните средства за подмачкување на ROWE официјално во Македонија
Германскиот ROWE, производител на моторни масла, лубриканти за авто-мото индустријата и авто козметика склучи со Мотоцентар партнерство за дистрибуција.
Преку мрежата на продажно-сервисни салони на Мотоцентар, продуктите на ROWE ќе бидат достапни до потрошувачите во државата. И двете страни не го криеа задоволството од почетокот на соработката која е поставена на заеднички вредности.
“Наш приоритет е континуирано овозможување врвна понуда за нашите корисници. Покрај обемното портфолио на пневматици, нашата деловна стратегија содржи и понуда на резервни делови, средства за подмачкување и авто козметика. Во тој правец, со стратешкото партнерство со ROWE го носиме препознатливиот германски квалитет и високи стандарди на чекор до љубителите на автомобилизмот во Македонија.
На таков начин го збогатуваме портфолиото на Мотоцентар и со широкиот асортиман производи ROWE наменети за третман на возила, уште еднаш ја потврдуваме позицијата на Мотоцентар како предводник на трендовите во овој авто-мото сегмент во нашата држава.“ изјави г-дин Горан Гроздоски, Генерален Директор на Мотоцентар.
“ROWE нуди целосен асортиман на производи за возила, 100% направени во Германија, кои се развиени и произведени по највисоки стандарди! Со нашите моторни масла и други продукти, како масла за менувач и течности за ладење, на потрошувачите им нудиме лубриканти за нивните превозни средства, со квалитет кој до сега не беше достапен во Македонија. Преку веќе докажаните дистрибутивни канали и продажни точки,
Мотоцентар ни овозможува сѐ што е потребно за позиционирање на ROWE како еден од водечките брендови за лубриканти во земјата. За да ја постигнеме оваа цел, исто така, подготвени сме многу да инвестираме во развој на нашиот бренд на македонскиот пазар “, изјави г-дин Патрик Вајланд (Patrick Weiland), Регионален Менаџер за Продажба во ROWE.
На промотивниот настан, кој се одржа по повод склученото партнерство, присуствуваше и познатиот македонски автомобилски ас Игор Стефановски – Иџе. Како дел од програмата за поддршка и промоција на автомобилскиот спорт Мотоцентар, ROWE и Игор Стефановски – Иџе склучија партнерство за спонзорирање.


