Рorsche – рекордно полугодие

Вести

Кросоверите колото го водат!

По лошата 2020 година, бројките на продажба повторно се враќаат во нормала

објавено 19. јули 2021

Со 153.656 испораки, Porsche постигна рекордни шест месеци! Продажбата на возила беше за 31 процент поголема отколку во првото полугодие од претходната година. Значително зголемената побарувачка влијаеше на сите модели и продажни региони. Најуспешен модел беше Cayenne со 44.050 единици (плус дванаесет проценти).

Macan е блиску зад него со 43.618 единици (+ 27%). Taycan имаше 19.822 нови регистрации и со тоа скоро го достигна нивото од целата претходна година додека иконскиот 911, бележи 20.611 нови регистрации што е скок од 22%. Во позитивната статистика влегуваат Boxster и Cayman со 11.922 продажби (+ 33%) и 13.633 Panamera (+ 6%). Во првиот семестар во Германија со Porsche се почестиле 13.094 купувачи што е скок за 22%, а низ цела Европа имало 40.435 возила (+ 25%). Најголем раст има во САД со 50 проценти или 36.326 продажби.