RollsRoyce – Boat Tail

насловна фото галерии

Само 20 милиони фунти?!

Стана мода луксузните производители на автомобили да подготвуваат специјални изведби со висока цена, но Rolls-Royce ги надмина сите!

објавено 04. јуни 2021

Најновата креација наречена Boat Tail чини неверојатни 20 милиони фунти. Британците не споделија со што сé ја оправдува енормната цена, навестувајќи ни дека треба да бидеме среќни што воопшто можеме да видиме како изгледа.

Имено, ќе бидат направени три примероци но купувачите на преостанатите два не сакале да дозволат тие да бидат прикажани на јавноста дури ни со фотографии. Нормално, ќе се разликуваат еден од друг според желбите на нивните сопственици, а заедничка ќе им биде техничката основа од Phantom долга 5,8 метри.

Покрај супертенките ЛЕД светла најзабележлив е уникатниот заден дел чиј капак обложен со благородно дрво се отвора како крилја на пеперутка. Во него е сместен пикник-сет кој се состои од две столчиња и чадор за сонце направени од карбон, два ладилника и луксузен комплет чаши и прибор за јадење.

Ако пак случајно заврне, тука е цврсто исткаениот покрив кој ќе ја зачува внатрешноста сува. Во просторот за мотор се наоѓа познатиот 6,75 литарски V12 со 565 коњски сили. Перформансите воопшто не се битни бидејќи Rolls-Royce Boat Tail е најскапиот автомобил во светот.