Вработените во Rolls-Royce кои очигледно имаат вишок време подготвија луксузен комплет за шах.
Таблата со невообичаен облик се отвора елегантно откривајќи футрола обложена со кожа во која се сместени магнетните фигури. А тие пак се приказна за себе – изработени од алуминиум со керамичка завршна обработка, перфектна совршеност и изглед на кој шахистите сигурно не се навикнати.
Целиот сет има рамка со рабови од полиран алуминиум а на предната и задната страна се наоѓа дискретен амблем на статуетката на Rolls-Royce, Духот на екстазата. Со прецизната рачна обработка е обезбедено идеално вклопување на полињата исечени ласерски од едно исто стебло.
Шахот е достапен со четири комбинации на фурнир и 13 бои на кожата, а неговата цена не е објавена.


