Rolls-Royce Ghost Series II – Ажурирана и подобрена верзија

Фејслифтираната верзија на Ghost доби поинакво лице благодарение на новите LED светла и осветлената решетка и го задржа V12 би-турбо моторот

Кога најлуксузниот производител на возила прави освежување на своите модели тоа е суптилно, но со дрски цитати.

Направените промени во надворешниот дизајн помагаат Ghost да се разликува од неговиот поголем брат Phantom. Трите модели на Rolls Royce претходно користеа слични дизајни на предниот дел, и да се утврди за кој модел се работи мораше добро да се погледне маската.

Доколку решетката е длабока и исправена тогаш пред вас е Phantom додека Ghost го красеше поширока и посплеската решетка. Ревидираниот модел сега е полесно да се разликува од поголемиот Phantom на прв поглед благодарение на уникатниот третман на фаровите. LED светилките се заострени на нивниот внатрешен раб, речиси како да се насочени кон маскотата Духот на екстазата.

Долниот довод на воздух е преобликуван, а одзади се ставени светла со нова графика. За Rolls Royce сѐ повеќе се интересираат помлади купувачи. Во кина просечната старост накупувачите изнесува 40 години. Еден од методите со кои марката од Гудвуд се користи е воведување на поспортската линија Black Badge.

Кај неа блескавиот хром е сменет со темни бои, затегнувајќи го и спуштајќи го потпирањето и поставување на посебно дизајнирани 22 инчни тркала. Внатрешноста е подеднакво прикриена и темна со јаглеродна облога насекаде. Единствено светло се дел од тапацирите на седиштата кои можете да ги комбинирате во безброј опции.

За оние што ќе го нарачаат обновениот Ghost Black Badge вреди да се напомене дека V12 моторот е посилен за 29 КС и 50 Nm во однос на „обичниот“ кој располага со 600 КС и 900 Nm. Цената на Ghost започнува од 320.000 евра додека  Black Badge е поскап за симбилични 45.000 евра

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER