Rolls Royce – Bovet 1822

Занимливости

Луксузот со луксуз оди!

По часовникот автомобилот се познава

објавено 14. јуни 2021

Ништо ново ниту чудно е соработката на автомобилските производители со часовникарските. Овој пат надминати се границите на очекувањата.

Часовникот во Rolls Royce често претпоставува статус налик на скапоцен камен и заедно со монументалноста на автомобилот е потврда за статусот на сопственикот. Поради тоа направена е специјална креација на часовници со престижната марка Bovet 1822 за најскапиот нов автомобил на светот Rolls-Royce Boat Tail.

Бидејќи ќе се произведат само три примероци на „духот на екстазата“ кои ќе бидат создадени според точните спецификации на сопствениците понуден е повеќенаменски часовник. Тој ќе може да се носи на рака или како џебен часовник, да служи како часовник на маса или пак да го краси интериерот на автомобилот за што се направени посебни лежишта. Тој оди во тандем со женски часовник со истите карактеристики. Цената не се споменува, но сигурне дека чини повеќе од една куќа бидејќи најевтиниот часовник на Bovet 1822 чини 15.000 а најскапиот 1,9 милиони евра!

Сепак се знае дека куќиштето е изработено од 18 каратно бело злато, механизмот е Turbillon, за изработка на еден примерок се употребени многу занаетчиски, филигрански и уметничкии вештини и неопходни се 3.000 работни часови за негова изработка. Се подразбира, секој часовник се изработува по желба и апликативен дизајн на нарачателот.  Колку тоа чини никој не спомнува ама кој има 20 милиони фунти да плати за автомобил нема да му биде проблем да се почести со еден часовник за себе и скромната му сакана.