Renault укинува 2.000 работни места

Причина – електричните возила

На удар се инженерите и помошните работници

Објавено на 2 октомври 2021 година

Заради електрификацијата, на 2.000 работници на Renault во Франција ќе им се стемни – толку работни места се предвидени за укинување во склоп на пренасочувањето на производството кон електричните автомобили. Управата на компанијата наскоро ќе започне преговори со синдикатите за новите планови, според кои на удар ќе се најдат инженерите и помошните работници. Францускиот автомобилски гигант има сериозни проблеми со загубите што ги создава и веќе најави намалување на бројот на работни места во матичната земја за 4.600 заради драстичното преструктуирање на работењето. Дополнително на ова, како и сите други и Renault тежнее да ја прошири понудата на електрични автомобили истовремено намалувајќи го производството на оние со класични мотори, што неминовно доведува до вишок работна сила.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER