Renault Twingo заминува во пензија

Куферите се спакувани

Тивко и дискретно, без никакви соопштенија или најави, Renault започнува да го испраќа Twingo во пензија. Моделот веќе не се произведува и е исфрлен од понудата на некои позначајни пазари, како што се Шпанија или Германија. Во Франција сé уште се чистат залихите но наскоро и од таму ќе го снема. Прерано би рекле бидејќи неговиот електричен наследник е закажан за 2026 година. Тој како и сегашниот модел ќе се произведува во Ново Место, Словенија. Симпатичното автомобилче кое во оваа генерација издржа цели десет години на пазарот беше карактеристично по моторот сместен назад. Се опремуваше со мали бензински мотори, а имаше и електрична верзија со 80 KS и автономија од 190 километри која во Франција чини 25.500 евра, без одбиен еколошки бонус од 4.000 евра.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER