Renault Trafic – Spacenomad

Поглед во иднината

Само за практични номади

Летото уште не завршило Renault фаќа позиција за идното!

објавено 24. август 2021

Преку верзијата Spacenomad се потврдува широката намена на комбето Trafic. Самото име наговестува практичност, модуларност и избор на две должини со мотори помеѓу 110 КС и 170 КС. Опремата на Spacenomad, кој се нуди во варијантите за должина L1 (5,0 метри) и L2 (5,4 метри), одговара на стандардот во оваа класа на возила.

Кујна со шпорет со две горила со пиезо палење, мијалник со интегрирана чешма, 49-литарски фрижидер и самостојна маса за внатрешна или надворешна употреба. Задното седиште на клупата може да се претвори во кревет од 130 x 185 сантиметри. Друг кревет со димензии 120 х 200 сантиметри се наоѓа под шаторскиот скокачки покрив.

Поп-топ камперванот е дизајниран од францускиот производител на адекватни возила Pilotе, а нултото парче наравено е во фабриката на Renault во Сандувил. Специфичната намена го прави Spacenomad интересен за мал број пазари, па затоа ќе се нуди само во Германија, Австрија, Белгија, Данска и Франција.