Renault Symbioz – Нов компактен кросовер

Замената на Kadjar доаѓа на пролет со хибриден погон

Името Symbioz на скоро сите јазици звучи познато. Извлечено од зборот „симбиоза“ доделено е на новиот компактен кросовер на Renault кој ќе го заземе местото на Kadjar. Symbioz е обликуван во склад на новиот дизајнерски јазик на марката.

Вкупната должина му изнесува 4,41 метар и најавува дека одлучно останува во компактниот сегмент. Symbioz е десет сантиметри пократок од Austral, но над 20 сантиметри подолг од Mégane. Внатрешноста е скроена да задоволи семејни потреби со понуда просторност и капацитет на багажникот. За големо количество на светлина задолжен е панорамскиот стаклен покрив Solarbay кој е изработен со употреба на течни кристали нанесени врз полимери.

Тоа овозможува затемнување во зависност од силината на надворешната светлина. Renault ветува тежина помала од 1,5 тони кои нема многу да му тежат на хибридниот мотор од 145 КС.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER