Renault Scenic е автомобил на 2024 година во Европа

Не само заради тоа што заедно со својата романска филијала се единствените европски производители, Renault навистина доминира во Женева

Традиционално многу години наназад носителот на титулата „Автомобил на годината” во  Европа се прогласуваше на самиот почеток на салонот на автомобилите  во Женева. Сега заедно со салонот се врати и оваа пракса која принудно беше прекината. А жирито составено од 58 новинари од 22 европски земји со 329 гласа одлучи годинешен лауреат да биде Renault Scenic. Францускиот кросовер за 22 члена на жирито беше најдобар, за разлика од второпласираниот BMW серија 5 кој најмногу импресионираше 19 члена и освои вкупно 308 бодови. Останатите финалисти Peugeot 3008, Kia EV9, Volvo EX30, BYD Seal и Toyota C-HR останаа на пристојно растојание зад нив. Во вкупно 61 избор на автомобил на годината во Европа досега, Renault има освоено седум титули.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER