Во омаж на воздухопловното минато
Позната како компанија за производство на автомобили, Renault потсетува дека порано правеше и авиони
Пред светската премиера која треба да се случи идниот месец, Renault го објави името на купе кросоверот од сегментот D. Rafale ја комплетира гамата на модели на Renault придвижувани од хибридeн погон E-Tech базирани на платформата CMF-CD. По спортско-корисните возила Austral со 5 седишта и Espacе со 5 или 7 седишта, новиот член на семејството ќе биде целосно новиот модел Rafale позициониран во сегментот D. Неговото име беше инспирирано од достигнувањата на Renault во воздухот. Во почетокот на 20. Век Renault имаше врска со авијацијата.
Тогаш Renault произведуваше мотори со внатрешно согорување за автомобили, но и за возови и авиони. Во 1933 година, Renault презеде друг производител, Caudron, и така се роди Caudron-Renault. Сите нивни авиони биле именувани по познатите ветрови. Така C460, тркачки едносед дизајниран да соборува брзини рекорди, беше преименуван во Rafale во 1934 година. Неговото име го симболизира ветрот, исто како и неговата камуфлирана силуета, која на прв поглед ја буди имагинацијата за изведбата, карактерот и изгледот. Светската премиера на новиот Renault Rafale е закажана за 18 јуни и ќе се случи на 54-тиот саем за воздухопловство кој се одржува на аеродромот Ле Бурже (Le Bourget) во близина на Париз.


