Renault не сака да ја напушти Русија

Не му е лесно на Renault

објавено на 15 март 2022

Додека западните компании една по една го прекинуваат своето работење во Русија заради воената интервенција во Украина, Renault останува. Причините се јасни – францускиот производител е сопственик на 68 отсто од акциите на AvtoVAZ и доколку се одлучи да ја напушти најголемата земја во светот може да остане без Lada бидејќи властите се заканија дека ќе ги национализираат сите странски компании кои ќе му свртат грб на рускиот пазар. AvtoVAZ вработува околу 40.000 луѓе и контролира отприлика 30 отсто од автомобилскиот пазар, продажба која му носи околу десет отсто од приходите на Renault. Ситуацијата сериозно ја усложнува и тоа што 15 отсто од акциите на Renault се во сопственост на француската влада. Од таму официјално не се врши притисок да се донесе политички коректна одлука велејќи дека компаниите сами решаваат за своето работење во Русија, но се инсистира за строго и ригорозно придржување кон санкциите. Во моментов производството и во фабриката на Renault во близината на Москва и во AvtoVAZ привремено е запрено заради проблеми со снабдувањето со делови и компоненти.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER