Renault – Mobilize

Поглед во иднината

Прототип за споделување

Со новата марка Mobilize, Renault ќе развива електрични возила за краткорочно изнајмување

објавено 06. април 2021

Во урбаните средини возачите се соочуваат со многу проблеми. Најголемите се просторот за паркирање, честите застои во сообраќајот и загадувањето на животната средина.  Со цел да се овозможи подвижност во урбаните области во иднина, Renault го основа брендот Mobilize, кој сега го претставува прототипот Car-SharingConcept Car EZ-1 како прв чекор.

Под чадорот на новата марка, Патрик Лешарпи и неговиот дизајнерски тим треба целосно да го реинтерпретираат системот за мобилност. Задачата е да се најде решение за мобилност што совршено ги исполнува барањата на корисниците, градовите и давателите на услугите. По направеното обемно истражување, само-набудување и тестовите од постојните провајдери за споделување автомобили, концептот и дизајнот на EZ-1 Prototype се развива чекор по чекор како возило со електрично напојување, кое во најголем дел се состои од материјали што можат да се рециклираат. Новиот концепт што е во развој ќе овозможи едноставни решенија за гратски транспорт лесни за употреба на повеќе корисници на дневна основа или долгорочно без да мора да се купува возилото.