Renault – Mitsubishi

Поглед во иднината

Французите ќе прават Јапонци!

Новата систематизација на групацијата отвора нови можности…

објавено 12. март 2021

Не е ниту новост, ниту тајна дека Mitsubishi не сака засега да испорачува нови модели во Европа. Дури иако Eclipse Cross PHEV е пред промовирање на Стариот Континент и следната генерација на Outlander е претставена на јапонскиот пазар која има солиден имиџ и кај нас. Кусокот во понудата ќе го потполни Renault. Французите објавија дека од 2023 година два нивни модели ќе бидат произведени во модифицирана форма како модели на Mitsubishi за главните пазари во Европа. Доколку работите се одвиваат во саканиот смер, производството има потенцијал да се зголеми.